Јака настинка без температура: како да си помогнете и кога да посетите лекар?

0
27

Настинката е вирусна инфекција на горните дишни патишта – нос, грло, синуси и душник. Повеќе од 200 вируси можат да ја предизвикаат, а најчест е риновирусот. Обично е безопасна, но предизвикува непријатни симптоми.
Возрасните можат да имаат 2–3 настинки годишно, а децата и почесто. Вообичаено трае 7–10 дена.
Како тече настинката?
1. Инкубација (2–3 дена)-нема симптоми, иако вирусот веќе е во телото.
2. Рани симптоми (1–2 дена)-гребење/воспалено грло, течење или затнат нос, умор, кивање.Во овој период лицето е заразно.
3. Врв на симптомите (2–4 дена)-затнат или течен нос,кивање, кашлање,болки во тело,губење вкус/мирис, притисок во синуси или уши.Температура може да се појави, но најчесто кај деца.
4. Оправување
Симптомите постепено се намалуваат. Кашлица може да трае и до 8 недели (постинфективна).
Јака настинка без температура – што да направите?
Нема лек за настинка, но можете да ги намалите симптомите со одмор, внесување многу течности, навлажнување на воздухот, миење на нос со солен раствор, средства против болка (по потреба), капки/спреј за нос – до 5 дена максимум
Антибиотици не помагаат, затоа што настинката е вирусна.
Кога да посетите лекар?
Кај возрасни:
Влошување или непоправени симптоми, температура над 38,5°C подолго од 3 дена, враќање на температурата, отежнато дишење, свирење во градите, силна болка во грло, глава или синуси

Кај деца:
Температура ≥ 38°C кај бебе до 12 недели, температура што трае повеќе од 2 дена, проблеми со дишење или свирење, силна болка во уво/грло, необична поспаност или нервоза, одбивање храна