Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип донесе Одлука за ослободување од 50% од износот на партиципацијата за талентирани редовни студенти на прв циклус студии во учебната 2025/2026 година.
Одлуката, донесена врз основа на член 94 од Законот за високото образование, има за цел да даде дополнителна поддршка на студентите со исклучителни академски постигнувања.
Според утврдените критериуми, талентиран студент е оној кој при упис во зимскиот семестар има освоено најмалку 40 ЕКТС кредити и просечен успех повисок од 9,5.
Со оваа мерка, најуспешните студенти ќе добијат олеснет пристап до високото образование и силна мотивација за продолжување со постигнување извонредни резултати.


