Судење “Пулс”: Никој не знае колку ќе трае овој процес – ќе направиме сè да тече непречено, рече судијката Илиевска

0
22

„Никој не знае колку ќе трае овој процес – може пет месеци, може пет години. Ќе направиме сè да тече непречено, но не можеме да гарантираме брзина, бидејќи брзината може да значи грешка“, изјави судијката Диана Груевски Илиевска на првото рочиште за трагедијата во Кочани.
Таа ги претстави правилата на постапката и побара максимална дисциплина од сите присутни, најавувајќи опомени, отстранувања или парични казни за прекршувања. Секое одложување ќе се проверува, а неоправданите ќе бидат санкционирани.
-Во името на целиот совет, сакам да ви кажам некои правила на игра. Од сите бараме голема дисциплина – ако не се почитува, ќе следи опомена или отстранување или казнување парично. Секое одлагање ќе биде проверувано и доколку е неоправдано, ќе следи санкција.
Знам за болката на блиските, сите ние сме родители. Со секоја почит и за болката и за тагата, ќе имаме респект, но ние сме професионалци кои ќе треба да ги испочитуваат сите права – рече судијката
“Ја разбирам болката на блиските, сите сме родители, но мора да се почитуваат сите права во постапката“, додаде судијката.
Во судницата присутен е и сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, кон кого родителите упатуваат најмногу критики, пренесува слободенпечат.мк