Стартува кампањата „Делчево со нула толеранција за отпад“

0
20

Со чистење отпад и диворастечки растенија под булевар „Македонија“, Општина Делчево ја започна кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“. Екипите на ЈКП „Брегалница“ го расчистуваат запуштениот простор кој со години бил еколошки проблем.
Градоначалникот Гоцевски направи увид во активностите и истакна дека лично ќе ја следи реализацијата:

– Оваа кампања ја реализираме поради итната потреба да се исчистат депониите што со години наназад се појавуваат на различни локации низ Делчево. Граѓаните со право реагираат, и време е конечно да воспоставиме ред и нула толеранција кон отпадот – истакна Гоцевски.

Акцијата продолжува по целиот булевар, до Агенцијата за вработување и до бензинската пумпа кон Берово. Општината апелира сопствениците на имоти покрај булеварот да ги отстранат диворастечките растенија и сувите дрва кои го отежнуваат движењето и се опасност за пешаците.