Се излеа реката Пчиња, се заглави автомобил со две лица. Експресна интервенција следеше од ТППЕ Старо Нагоричане

0
54

По силните врнежи што ја зафатија областа, реката Пчиња утрово се излеа и создаде опасни вирови кај селото Стрновац во општина Старо Нагоричане. Автомобил со две лица останал заглавен во надојдената вода, а пожарникарите од општината успеале навреме да ги извлечат.

“По повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во с.Стрновац Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња,ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари.

Апелираме до граѓаните на Општина Старо Нагоричане да избегнуваат движења и секакви активности по течението на река Пчиња во Општина Старо Нагоричане“, стои во објавата на ТППЕ Старо Нагоричане.

Превземено: Скопје1/ФБ