Родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ се сомневаат дека адвокатите и обвинетите имаат разработена шема за одложување на судскиот процес.
– Разработените математики на адвокатите и обвинетите се обидуваат да нè стават во историјата на заборав. Затоа и побаравме помош од Европската Унија, ОБСЕ, американската амбасада за да се стави крај на корупцијата, криминалот и мафијата во оваа држава – изјави денеска еден од родителите пред судницата во Идризово.
Претходно, одбраната на обвинетите побара одложување на рочиштето откако судот го спои обвинението за главниот предмет со обвинението против вистинскиот газда на „Рубикон“, Александар Нацев, пренесува слободенпечат.мк.
Home МАКЕДОНИЈА Родителите се скептични за судењето за „Пулс“: Адвокатите и обвинетите имаат разработена...


