Со полициски комбиња утрово околу 8:30 часот во судницата во КПУ „Идризово“ беа донесени неколкумина од обвинетите што се наоѓаат во притвор за случајот со пожарот во т.н. кабаре „Пулс” во Кочани.
Пред судницата се присутни повеќемина родители и роднини на настраданите во пожарот, кои чекаат да следат почетокот на судењето.


