Поради циклонска активност од Џенова, денес во поголем дел од земјата ќе има повремени врнежи од дожд, а особено обилни ќе бидат врнежите во западните и југозападните региони, каде се очекува над 50 литри дожд за 24 часа. Ќе дува засилен јужен ветер со удари над 60 км/час, со можност за изолирани грмежи.
Во Скопје ќе има повремени врнежи со умерен интензитет и засилен јужен и југоисточен ветер. Температурите ќе бидат натпросечно високи за ноември – од 11 до 18 степени, во Скопје до околу 13 степени.
Граѓаните се повикуваат на претпазливост поради обилните врнежи, особено возачите и оние кои се движат близу водотеци. Можно е зголемување на нивото на реките и езерата, особено на запад и југозапад.


