Парламентот на привремените институции во Приштина денес ја одржува првата од двете седници, на која учествуваат исклучиво пратениците од движењето Самоопределување.Седницата е свикана на барање на Самоопределување со цел да се формираат парламентарни одбори и да се разгледа буџетот за 2026 година, како и буџетите за општините Приштина, Гњилане и Зубин Поток.
Препарим Груда, единствениот присутен од Демократската партија на Косово (ДПК), изјави дека седницата е неуставна, дека нема кворум и дека прво требало да се формира влада, па дури потоа да се расправа за комисии и други прашања.
Home МАКЕДОНИЈА Косово: Седница на парламентот без кворум и без опозиција – Самоопределување заседава...

