Граѓанското движење „Кој е следен“ истакна транспарент со порака „Ве гледаме!“ пред дигитализираната судница во КПУ „Идризово“, каде денеска почнa судењето за пожарот во Кочани во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Оттаму бараат непристрасен и транспарентен процес, слободен од политички влијанија, и повикуваат судиите да покажат интегритет и храброст. Пред судницата се присутни роднини на жртвите и големо полициско обезбедување.


