Во пукотница што се случила рано утрово во градчето Калесија во Босна и Херцеговина, еден од ограбувачите на златарница е застрелан, а како што дознава порталот „Аваз“, тој е пронајден мртов.
Откако се обиделе да ограбат златарница, сторителите пукале кон полицајците и избегале од местото на настанот.
Починатиот разбојник наводно бил исфрлен од автомобилот од другите сторители.
Во градот Калесија моментално е во состојба на опсада, а бројни полициски сили се на терен и трагаат по другите сторители.


