Снег пристигна на Балканот, во текот на ноќта , снежна покривка ги покри Лика, Горски Котар, а исто така и врвот Медведница, Сљеме како и во Босна и Херцеговина во месноста Бјелашица.
Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК) извести дека автопатите што минуваат низ планинските подрачја се исто така покриени со снег, па затоа се повикуваат возачите да бидат дополнително внимателни и да се прилагодат на условите на патот.
А во Босна и Херцеговина, во текот на денот се очекува претежно облачно време со дожд, а на повисоките подрачја и на планините снег.


