Нов в.д. директор на КЈП „Водовод“ – Кочани: Дејан Анакиев го прими решението за именување

0
78

Денес градоначалникот на Кочани, д-р Владко Грозданов, му го врачи решението за именување на Дејан Анакиев, предложен од СПМ, за вршител на должноста директор на КЈП „Водовод“ – Кочани.
Со ова именување започнува нов мандат во управувањето со јавното претпријатие, со очекувања дека ќе се продолжи со унапредување на услугите и подобрување на ефикасноста во работењето.