Министерката за внатрешни работи на Обединетото Кралство Шабана Махмуд, само неколку месеци по преземањето на функцијата, го претстави најобемниот план за реструктуирање на системот за азил во последните 40 години, а во неговиот центар се и околу 700 албански семејства чии барања за азил се одбиени, објави Топ чанел.– Има околу 700 албански семејства чии барања за азил се одбиени, но нивното депортирање во моментов не се спроведува од страна на Министерството за внатрешни работи, и покрај тоа што Албанија има златен стандард за соработка со Обединетото Кралство за враќање и е потписничка на Европската конвенција за човекови права. Ќе започнеме консултации за процесот на депортирање на семејствата, вклучително и децата – изјави Махмуд во британскиот парламентот, додека ги презентирала драстичните измени во законот за имиграција.


