120.000 млади бугари се во долгови

0
60

Комората на приватни извршители известува за видливо зголемување на задолженоста кај младите луѓе. Станува збор за мали износи и брзи заеми. Тие се земаат за скапа стока, опрема и екскурзии. Вкупниот број на предмети за извршување е 120.000, објавува НОВА ЊУЗ.„Заклучно со ноември 2024 година, откривме дека предметите за извршување против млади лица под 20 години беа 4.000, помеѓу 20-25 години беа 36.000, помеѓу 25 и 30 години беа 80.000. Ова всушност нè поттикна не само да ја предупредиме јавноста за проблемот, кој е доста сериозно во пораст, туку и да преземеме мерки за да го запреме овој тренд“, коментираше Сиика Анадолиева, членка на Комората на приватни извршители.
Финансиската неписменост ги турка младите луѓе во долгови. Голем дел од позајмените пари се трошат за луксузни стоки и услуги. Според Анадолиева, причините за оваа статистика се брзиот пристап до кредити, како и желбата за подобар живот.