Деветгодишно момче од Бар ненадејно почина, а трагичниот настан ја потресе јавноста во Црна Гора. Според информациите на порталот „Приморски“, детето три дена имало висока температура и добило мали сипаници, поради што родителите повеќепати го носеле на лекар.
Во текот на ноќта меѓу петокот и саботата, момчето било однесено кај дежурниот педијатар во Општата болница во Бар. И покрај зачестените симптоми, педијатарот оценил дека нема потреба од хоспитализација во тој момент.
Состојбата на детето се влошила брзо во следните часови, а момчето починало во саботата наутро.
Според медиумите, момчето не боледувало од други здравствени состојби, што го отвора прашањето која е причината за неговата ненадејна смрт. Се очекува извештајот од обдукцијата да ги даде точните информации и да ја утврди причината за трагичниот исход.


