УХМР : Од утре обилни врнежи и засилен јужен ветер

0
70

Следува период на променливо и нестабилно време, проследено со повремени врнежи од дожд. Според информациите од УХМР, утре и во среда на места се очекуваат пообилни врнежи, кои локално ќе надминат 30 литри на метар квадратен. Понекаде ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец, со брзина што ќе надмине 60 km/h.
Наутро, во дел од котлините ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, северозападните делови ќе бидат зафатени од слаб локален дожд. Минималните температури ќе се движат од -1 до 6 степени, додека максималните ќе достигнат од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро се очекува појава на магла во делови од котлината. Во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време, проследено со умерен до засилен јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 3 до максимални 15 степени.
Метеоролозите најавуваат продолжување на нестабилниот период и во деновите што следат, со промени во облачноста, магла во утринските часови и локални врнежи од дожд, повремено поинтензивни.