Во близина на базата „Дебела Глава“ во подножјето на ридот Шоп, вооружена група испукала 15 куршуми кон припадници на српската армија. Во нападот било погодено службеното куче на патролата, но војниците останале неповредени.
По пукањето, сторителите побегнале кон Косово со шест џипови, а српските безбедносни сили веднаш го засилиле присуството во регионот.
Косовската полиција денеска ги демантираше тврдењата што се појавија во поединечни медиуми дека вооружена група Албанци пукала кон припадници на Војската на Србија во близина на базата „Дебела глава“. Во официјалното соопштение, полицијата оцени дека станува збор за дезинформации кои не се базираат на ниту еден проверен податок или официјален запис на институциите.


