Света архиерејска литургија во Кочани. Осветен новиот живопис во храмот “Св. Великомаченик Георгиј”

0
25

Во Неделата 23-та по Педесетница и обновата на храмот на светиот великомаченик Георгиј во Лида – Ѓурѓиц, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани беше отслужена Света Архиерејска Литургија. Богослужбата ја водеше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Пред почетокот на Литургијата, Митрополитот г. Иларион го изврши осветувањето на новиот фрескоживопис во олтарниот дел и припратата на храмот, како и на иконите подарени од Рилскиот манастир – БПЦ, насликани од јеромонахот Павел.
На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и му подари граден крст на Архиерејскиот намесник на Кочанското намесништво, протоереј-ставрофор Станчо Ристов, по повод 40 години негово свештеничко служење. На Ристов му беа упатени благопожелби за здравје, долг живот и уште многу години ревносна служба.

Исто така, беше доделена Благодарница на јеромонахот Павел од Рилскиот манастир – БПЦ за насликаните и подарени икони за храмот „Св. Вмч. Георгиј“, со кои се збогати духовниот живот на верниците во Кочани.