Рецепт за брз оброк: Мини ролати што ќе ги обожавате

0
80

Тешко дека некој може да му одолее на мирисот на тазе печено тесто со спанаќ и сирење. Можете веднаш да ги подготвите, а рецептот да го ставите на листата „омилени“.

Без оглед дали ви се најавиле гости или сакате да подготвите нешто брзо за домашните, овие мини ролати со спанаќ и сирење се совршени за секоја пригода.

Едноставни се за подготовка и многу брзи. Пробајте ги уште викендов – нема да се покаете.

Потребни состојки:
1 пакување лиснато тесто
250g спанаќ (свеж или смрзнат)
1 мал кромид
2 чешниња лук
Сол и бибер по вкус
Сусам
200g издробено фета сирење
50g чаден кашкавал
1 јајце (белка за филот, жолчка за премачкување)

Начин на подготовка:
1. Исечкајте ги кромидот и лукот на ситно и пржете ги неколку минути.
2. Додадете го спанаќот, па зачинете со сол и бибер и гответе додека водата што ја испушта спанаќот не испари.
3. Оставете смесата да се олади, па додадете го издробеното фета сирење, парчињата сечкан чаден кашкавал и белката и добро измешајте.
4. Распоредете го филот врз лиснатото тесто и замотајте го во форма на ролат, па исечете го на 8 еднакви парчиња.
5. Премачкајте ги мини ролатите со жолчка и посипете со сусам.
6. Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 30 минути, додека не добијат златно-кафеава боја и не станат крцкави.