Албанија го отвори последниот Кластер во преговорите со ЕУ

0
22

Денес во Брисел, Албанија и ЕУ ја одржаа седмата Меѓувладина конференција, каде што се отворија преговорите за последниот, Кластер 5 од процесот на пристапување, именуван како „Ресурси, земјоделство и кохезија“.
Албанија ги започна преговорите за пристапување кон ЕУ заедно со нашата држава на 19 јули 2022 година, со одржување на Првата меѓувладина конференција.
По ова би следела процедурата за ратификација на договорот за членство од страна на државите од Унијата, што во принцип трае 18 до 24 месеци, по што Албанија се надева дека би можела да стане членка на ЕУ во 2030 година.