Татко и неговиот 44-годишен син М.Л. беа пронајдени убиени денес околу 16 часот во нивната семејна куќа во селото Завидинце кај Лесковац. Полицијата на местото затекнала и две ранети лица – мајката С.Л., која била ранетa во главата, и вториот син.
Токму мајката го пријавила нападот и посочила дека пукач е извесен С.М. Полицијата го пронашла осомничениот и го привела, но сè уште се утврдуваат деталите и можната улога на други лица.
Жителите на селото велат дека не знаат што точно се случило, а во локалната заедница кружат различни информации – од можен семеен конфликт до вмешан сосед. Селото е во страв, бидејќи официјални информации за безбедноста сѐ уште недостасуваат.

