Американскиот OFAC не го исполни барањето на руската и српската страна за одобрување на продолжувањето на лиценцата за работа на НИС, дознава „Спутник“.Во образложението се наведува дека, по дополнителни консултации со американскиот Стејт департмент, OFAC утврдил дека „би било спротивно на моменталната политика за лиценцирање да се одобруваат трансакции поврзани со продолжување на деловните операции, напредокот на промените во корпоративното управување на NIS и активностите поврзани со повлекувањето на сопственичкиот удел, што ја вклучува бугарската подружница и другите несрпски подружници на NIS, како што е наведено во барањето“.
„Поточно, ваквите трансакции нема да придонесат кон интересот на американската надворешна политика за прекинување на руското сопствеништво врз NIS. Според тоа, овој дел од вашето барање со ова се одбива“, се наведува во образложението.


