Историски реванш натпревар ги чека одбојкарите на Штип УГД во среда против норвешкиот KOLL IL. Натпреварот е во рамките на Европскиот Челинџ Куп, а во првата средба штипјани изгубија со 3 спрема 1 во сетови.
Одлучувачкиот натпревар ќе се одигра во спортската сала во Радовиш со почеток во 19.00 часот, а влезот е бесплатен. Од клубот очекуваат масовна поддршка во напорите KOLL Il да се прескокне.


