Жител на струшко украл струја во вредност од 3.000 евра

0
19

Жител на Подгорци тајно се приклучил на мрежата и трошел струја без плаќање
Жител на струшкото село Подгорци незаконски се поврзал на електричната мрежа и подолг период користел струја без таа да биде регистрирана.
По извршена контрола од страна на инспектори на 18 септември, било утврдено дека 55-годишниот Н.А. со премостување на мерната опрема директно се приклучил на мрежата, со што неовластено преземал електрична енергија.
Според проценките, на овој начин тој остварил противправна корист од 184.329 денари. Случајот е целосно документиран и пријавен, а надлежните органи ја продолжуваат истрагата.