Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница донесе повеќе значајни одлуки поврзани со подготовките за редовниот партиски Конгрес што ќе се одржи на 6 декември во Кавадарци.
Комитетот ја усвои одлуката за избор на над 800 делегати кои ќе учествуваат на Конгресот, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски доби овластување да ја финализира листата согласно статутарните одредби. Покрај тоа, формиран е и организациски одбор кој ќе ги координира сите активности поврзани со одржувањето на настанот.
Во делот на кадровските промени, Централниот комитет изгласа разрешување на Илија Стоилев од функцијата претседател на Општинскиот комитет во Свети Николе поради утврдена злоупотреба на средства. Од функција беше разрешен и Гоце Стоиловски од Општинскиот комитет во Македонска Каменица.
На седницата се анализираа и резултатите од последните локални избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ обезбеди убедлива победа. Од партијата порачаа дека добиената доверба од граѓаните носи дополнителна одговорност за реализација на ветените проекти и политики.
Home МАКЕДОНИЈА ВМРО-ДПМНЕ ја заокружува подготовката за Конгресот: Над 800 делегати и кадровски промени


