Бугарија – Велика Британија ја одложи примената на санкциите кон бугарскиот огранок на Лукоил

0
106

Велика Британија соопшти дека на три месеци ја одложува примената на санкциите кон бугарските подружници на рускиот нафтен гигант Лукоил, пренесе бугарската новинска агенција БТА.Повикувајќи се на соопштение од Канцеларијата за имплементација на финансиски санкции во Лондон, БТА јавува дека Лукоил Бугарија добива продолжување на дозволата за работење со британски компании и банки.
Властите во Софија истакнуваат дека се очекува слична одлука да донесе и Канцеларијата за контрола на странски средства при американското Министерство за финансии. Оваа канцеларија треба да ја забрани соработката со рускиот конгломерат почнувајќи од 21 ноември.