11 лица лишени од слобода, над 1.500 сообраќајни прекршоци за четири дена

0
16

Во периодот од 10 до 13 ноември 2025 година, полициските службеници на патиштата низ земјава изрекле 1.518 платни налози за сообраќајни прекршоци. Најмногу, 498, се за непочитување на ограничувањето на брзината. Лишени од слобода биле 11 лица за безобзирно управување со возило – осум под дејство на алкохол и тројца за пречекорување на брзината во населено место.

Дополнително, се регистрирани 942 прекршоци за неправилно паркирање, 290 за управување без возачка дозвола и 48 за возење под дејство на алкохол. 161 учесник во сообраќајот не користел сигурносен појас, а 69 возила биле отстранети поради нерегистрираност или техничка неисправност.