Падна српскиот Ескобар, водач на Балканскиот клан

0
25

Срѓан Јездимир (45), еден од најпознатите нарко-босови, познат и како српски Ескобар, кој е на судење во Јужна Америка и во Србија, е осомничен дека шверцувал 10 тони кокаин од Еквадор во Европа во периодот помеѓу 2019 и 2021 година!
Според јужноамериканските медиуми, Јездимир го координирал транспортот на големи пратки, а бил фатен во Еквадор на 20 ноември минатата година во спектакуларна полициска акција наречена „Евро 2024“.
Балканскиот картел, еден од чии водачи бил Јездимир, е обвинет за организиран криминал и меѓународен шверц со дрога.
Истрагата утврдила дека тие испрале дури четири милиони долари и дека отвориле компании преку кои ги транспортирале парите во Германија и Шпанија.