Општина Кочани: Доделува 30 стипендии – приоритет за социјално загрозени и високоуспешни студенти

0
58

Општина Кочани за студиската 2025/2026 година ќе додели 30 (триесет) стипендии на редовни студенти жители на општина Кочани запишани на студии од прв циклус на јавните високообразовни институции во Република Северна Македонија и тоа за следните категории на студенти:

-најмногу 5 (пет) стипендии за студенти од ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести,

-10 (десет) стипендии за студенти од социјално загрозени семејства, најмногу 5 (пет) стипендии за студенти запишани на факултети за медицински науки, а останатите стипендии за студенти кои постигнале висок успех во студирањето.

Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести, студенти запишани на факултети за медицински науки или нивните пријави се оценети како неприфатливи, бројот на стипендии распределен за овие категории на студенти,
Градоначалникот може да ги додели на студенти од социјално загрозени семејства пријавени по јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите за доделување на стипендија, а според редоследот на рангирање по бодови согласно изготвената ранг-листа Постапката за доделување на стипендии на редовни студенти жители на општина Кочани се спроведува на начин, услови, критериуми уредени со Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани.