Трагичната несреќа што се случила во раните утрински часови во четврток предизвика тага и шок во грчкиот град Лариса, кога 49-годишната сопственичка на пекара трагично го загубила животот додека работела.
Според локалните грчки медиуми и првичните информации, несреќната жена починала под сè уште неразјаснети околности, откако нејзината коса се заплеткала во машината за месење тесто.
И покрај моменталната реакција на вработените и брзата интервенција на екипата од Итната медицинска помош, жената, за жал, починала на местото на несреќата.
Полициските органи ги истражуваат околностите под кои дошло до трагедијата.
Во тек е увид и нејзината смрт засега не се третира како убиство, туку како несреќен случај.
Пекарата во која се случила трагедијата нема да работи во наредните неколку дена, пренесува телеграф.рс.


