Вкупниот промет во индустријата, во септември 2025 година во однос на септември 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 %, Капитални производи за 7.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 7.2 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст од 10.4 %, додека на странските пазари има пораст од 4.9 %, соопштуваат од Државниот завод за статистика.


