Двајца 19-годишници приведени во Македонска Каменица по пронајдена прашкаста материја во автомобил

0
21

Полициски службеници од ОВР Делчево -Полициското одделение Македонска Каменица ги приведоа С.С.(19) и М.С.(19). При преглед во паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, во кое се затекнати сопственикот М.С. и сопатникот С.С., кај С.С. е пронајдена прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.