Берово: Јавен повик за вклучување во Програмата „Општинско-корисна работа“ и проектот „Се грижиме, дејствуваме“ за невработени лица

0
58

Општина Берово и Агенцијата за вработување на РСМ објавуваат: Јавен повик до евидентирани невработени лица за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ (мерка 7.1, финансирана од Буџетот на АВРСМ и Општина Берово).
Јавен повик за крајни корисници за користење на услугите од проектот „Се грижиме, дејствуваме“.
Пријавите за невработени лица се поднесуваат во Центарот за вработување Берово од 13 до 19 ноември 2025 година, од 08:00 до 14:00 часот. Крајните корисници можат да се пријават во Општина Берово најдоцна до 24 ноември 2025 година.
За детали и информации, заинтересираните лица можат да се обратат кај соодветните контакти во Општина Берово, Центарот за вработување и Центарот за социјална работа.