Штипските сестри Патриција и Андреа кои се добро познати на државната сцена и пошироко како близначкото DJ дуо „The Geors“, ќе настапат во Абу Даби за време на Формула 1 викендот.
Сестрите за порталот Црнобело изјавија: „За време на Формула 1 викендот во Абу Даби ќе имаме 4 настапи. Во текот на овој викенд на истата сцена ќе настапат и артисти од други музички правци, како Кети Пери, Пост Малоун, Калвин Харис и уште многу други. Музичката програма ќе започне со настапот на Тревис Скот“, велат близначките The Geors за CRNOBELO.com.


