Ротари клуб: Донaција на електрична инвалидска количка за лице со мултиплекс склероза

0
19

Ротари клуб Штип и Ротари клуб Кочани–Виница, во соработка со Gorenje Department Store, денес покажаа дека хуманоста и солидарноста се живи вредности во нашата заедница. На наш сограѓанин со мултиплекс склероза му беше донирана електрична инвалидска количка, која ќе му овозможи поголема подвижност, самостојност и полесно секојдневие.

Овој гест е уште еден пример дека заедно можеме да направиме промена – да помогнеме, да олесниме и да внесеме повеќе достоинство, надеж и човечка топлина во животите на луѓето кои се соочуваат со здравствени предизвици, објавија од Ротари клубовите.