Општина Пробиштип на 17 ноември 2025 година ќе одржи јавни консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и за Стратегиската оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион.
Настанот ќе се одржи во салата на Советот при Домот на култура во Пробиштип, со почеток во 10:00 часот.
Консултациите се дел од процесот на планирање и развој на одржливи решенија за управување со отпадот во регионот, а целта е да се вклучат сите засегнати страни – претставници на институции, локалната самоуправа, јавните претпријатија, граѓанските организации и самите граѓани.
Од Општината апелираат до сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и да дадат свои предлози и мислења, со што ќе придонесат кон подобро планирање на системот за управување со отпад и заштита на животната средина.


