На конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Македонска Каменица, беа верификувани мандатите на 11-те советници, а за претседател на Советот беше избран Злате Алексовски од независната листа на кандидатот за градоначалник Слободан Велиновски.
За Алексовски ова е негов втор советнички мандат — претходно беше дел од Советот во периодот од 2013 до 2017 година.
Градоначалничката Соња Стаменкова им честиташе на новоизбраните советници и на новиот претседател Злате Алексовски, посакувајќи им успешен и конструктивен мандат во интерес на граѓаните на Македонска Каменица.


