ВИДЕО: Протече видео од мафијашката ликвидација на Гималдо Дани

0
80

Протече снимка од атентатот што се случи во близина на аеродромот во Тирана.

Гилмандо Дани, една од најистакнатите личности во албанското подземје, беше убиен, пишува Telegraf.rs .

На видеото се гледаат напаѓачите како седат во автомобил на паркингот и чекаат. Штом забележат дека возилото во кое се наоѓала Дани се приближува, тие излегуваат од автомобилот и веднаш отвораат оган. Пукаат директно во другото возило, а потоа испукуваат уште неколку кратки рафали.

Полицијата соопшти дека пукањето се случило околу 14:20 часот на кружниот тек недалеку од аеродромот. Според првичните информации, во возилото имало двајца мажи, а едниот од нив бил 47-годишниот Дани.

Гилмандо Дани со години е поврзан со криминални кругови во Албанија. Тој се смета за „десна рака“ на Емилјан Шулази , поранешен студент по медицина кој изгради репутација на еден од најмоќните водачи на албанското подземје. Името на Дани се поврзуваше со изнуда, трговија со дрога, заплашување и насилство, особено во Тирана и Драч.

Телевизијата Топ Ченел објави и снимки на кои се гледаат граѓани и полицајци како се обидуваат да го скршат прозорецот на возачот за да ја отворат вратата и да ги извлечат жртвите.

Превземено: Дневник.хр