Бугарин со апсурдни 4.23 промили алкохол во крвта затекнат како управува возило. За да се отрезни го притвориле 72 часа

0
84

36-годишен маж од Бугарија уапсен откако управувал возило со ниво на алкохол во крвта од 4,23 промили во регионот Ботевград. Тој бил фатен како вози низ улиците на селото Врачеш, соопшти Окружното обвинителство.

Во случајот беше покрената претходна постапка а со одлука на обвинителот, обвинетиот бил во притвор 72 часа.

Во текот на истрагата е утврдено дека во април 2024 година, притворениот бил осуден за истото дело.

Вредност од 4,23 промили (‰) значи дека во 1 литар крв има 4,23 грама чист алкохол .

Оваа количина се смета за екстремно висока концентрација , која во многу случаи може да биде опасна по живот.

Превземено: Бтновините