Албанија ги отвори сите поглавја од преговорите, меѓувладина седница со ЕУ на 17 ноември

0
65

Премиерот на Албанија Еди Рама објави дека на 17 ноември ќе се одржи заедничка конференција на Албанија со ЕУ за отворање на последната група поглавја од преговорите со Европската Унија,,Албанија го постигна незамисливото, сите поглавја од преговорите беа отворени во рок од 12 месеци, што е апсолутен рекорд во процесот на европска интеграција”, напиша Рама во објава на Фејсбук.
Тој посочи дека ништо не ја спречува Албанија да ја постигне својата главна цел, а тоа е завршување на преговорите до 2027 и полноправно членство до 2030 година.