До крајот на годината, околу 18.000 денари (или приближно 300 евра) ќе им легнат на сметките на работниците како регрес за годишен одмор.
Согласно закон, минималниот износ на К-15 изнесува 40% од просечната плата. За оваа година, тоа значи дека работниците во приватниот сектор ќе добијат најмалку 18.141 денар, додека за јавниот сектор износот е 12.372 денари.
Законот предвидува дека работодавците до 31 декември мора да исплатат К-15, кој може да изнесува најмалку 40%, а најмногу 100% од просечната плата.
Административците исто така имаат право на К-15, но нивниот износ е помал за 100 евра во споредба со исплатата во приватниот сектор.
Доколку работниците не го добијат законскиот минимум, можат да се обратат во Синдикатот или во Државниот инспекторат за труд.
Регресот се исплаќа еднаш годишно и е задолжителен за сите работодавачи во приватниот сектор кои вработените кај нив работеле најмалку 6 месеци во текот на календарската година.


