Во Црна Гора од почетокот на 2025 година се поднесени вкупно 66 обвиненија поради сомнежи за фалсификувани дипломи за завршено образование, што претставува речиси двојно зголемување во споредба со минатата година, јави црногорската национална телевизија РТЦГ. Лани во земјата беше поставен рекорд со 38 обвиненија за фалсификувани дипломи, додека во 2023 година беа поднесени 28 обвиненија. Во моментов, во Црна Гора не постои официјална статистика за бројот на фалсификувани дипломи, но според податоците на „Алтернатива Црна Гора“, нивниот број надминува 25.000 само во јавниот сектор.


