Среден прст во Бугарскиот парламент

0
21

Во бугарскиот парламент се случи непристојна дебата што ја разниша јавноста. Расправата за последиците од санкциите кон Лукоил, руска компанија во Бугарија, прерасна во лични навреди меѓу пратениците.
Според извори од парламентот, кога Костадинов побара од пратеникот на Движењето за права и слободи, Станислав Анастасов, да престане со пишување пораки и да ја следи дебатата, Анастасов му „одговори“ со среден прст.
Ова не е прв инцидент во парламентот во Софија, институција која треба да ги обединува граѓаните, а се бележат повторувачки вербални и дури физички конфликти за време на расправите, објави рацин.мк.