Маж од Телеорман, Романија, ја убил својата поранешна сопруга пред локална црква додека таа го држела нивниот тригодишен син.
Жената го држела своето дете во раце цело време додека нејзиниот поранешен сопруг ја бодел, но таа починала на самото место набрзо потоа.
Детето било до телото на неговата мајка кога го пронашле неколку соседи, кои повикале полиција и брза помош.
Мажот избегал од местото на злосторството , но полицијата набрзо го уапсила во куќата на неговите родители откако се обидел да изврши самоубиство, објави Digi24 .
Ужасното злосторство е сè уште под истрага, а полицијата анализира и снимки од безбедносните камери. Обвинителите ќе го испрашаат и таткото на осомничениот бидејќи постојат информации што сугерираат дека тој знаел што ќе се случи и не го спречил својот син пред да го изврши злосторството. Тој ја избодел поранешната сопруга 15 пати.
Таткото на жртвата тврди дека тој постојано барал помош од полицијата, но дека властите не направиле ништо: „Колку пати се јавив на 112 и во полицијата и какви мерки презедоа? И колку пати ја прекрши заштитната наредба? Ќе дојдеше и ќе го запреше автомобилот, а јас ќе се јавав, а тие ќе велеа дека е јавен пат. Јавен пат е, но не застанувате кај мојата ограда“, рече човекот.
Превземено: Дневник.хр


