Македонска Каменица: Прва официјална средба на епископот Mарко со градоначалничката Соња Стаменкова

0
78

На 11 ноември 2025 година, Епископот Делчевско-каменички, Неговото Преосвештенство г. Марко, ја оствари својата прва официјална средба со новоизбраната градоначалничка на Општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова.

На средбата се дискутираше за можностите за позитивно издигнување и унапредување на духовниот живот во рамките на Епархијата. Епископот Марко ја презентираше актуелната состојба и тековните проекти, изразувајќи надеж за поддршка и разбирање од локалната самоуправа за нивно успешно реализирање.

Градоначалничката Стаменкова истакна дека Општина Македонска Каменица останува отворена за соработка со Епархијата и се обврза на континуирана поддршка во процесот на нејзино дооформување и унапредување на функционирањето.

Заеднички беше констатирано дека Црквата игра значајна улога во општествениот живот, особено во градењето на солидарна, единствена и прогресивна заедница.