Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, оствари работна средба со раководните служби од КЈП „Водовод“ и со административните службеници задолжени за комунални работи, на која беше разгледана севкупната состојба во кочанското комунално претпријатие.
На средбата беше констатирана незавидна состојба со јавната чистота, недостиг на човечки ресурси и тешка финансиска положба на КЈП „Водовод“.
Од состанокот произлегоа заклучоци за итна реакција и вложување максимални напори за подобрување на состојбите во сите аспекти на работењето, со особен фокус на хигиената на јавните површини.
Со постојните ресурси, екипите на „Водовод“ веќе отстранија отпад и мали депонии на повеќе локации во централното градско подрачје на Кочани. Активностите ќе продолжат и во наредниот период, со цел актуелната состојба со јавната чистота да се доведе до оптимално ниво за урбано живеење.
Home МАКЕДОНИЈА Кочани: Градоначалникот Грозданов со раководството на КЈП „Водовод“. Итни мерки за подобрување...


