Општина Делчево известува дека по повод претстојните новогодишни и божиќни празници ќе се врши изнајмување на дрвени куќарки наменети за угостителско-трговска дејност, сместени во градскиот парк.
Во периодот пред и за празниците ќе биде организирана забавна програма за најмладите, како и за повозрасните.
Заинтересираните може да се обратат во Општина Делчево за повеќе информации.


