Виница: Гоце Василев избран за Претседател на Советот

0
70

Советот на Општина Виница ја одржа првата конститутивна седница, со која на почетокот претседаваше највозрасниот член Драги Анакиев.
Седницата започна со обраќање на претседателот на претходниот Совет, Ацо Ѓорѓиевски, кој им се заблагодари на советниците за досегашната работа и соработката со градоначалникот и институциите.
По предлог на советниците, за претседател на Советот на Општина Виница беше избран Гоце Василев.
На седницата беа верификувани мандатите на новоизбраните советници, избрани членови на комисиите и донесени одлуки за организација на работата на Советот, меѓу кои и овластување на советниците за склучување бракови.