„BMW“ тужен од холандски организации за заштита на потрошувачи. Софтвер ја прикривал количината на издувни гасови и емисии

0
21

Холанските организации за заштитана потрошувачите „Карл клејм фаундејшн“ и „Конзумерентендбоуд“ поднесоа денеска тужба против германската компанија „Бе-ем-ве“ поради софтвер кој лажно прикажувал пониски емисии на штетни гасови кај возилата на дизел.

Според наодите на „Конзуметенбонд“, „Бе-ем-ве“ со години ги рекламирала своите дизел возила како „зелени, еколошки и економични“, иако со дополнителни истраги во повеќе земји, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија“, е утврдено дека емисиите на азотни оксиди во реални услови на возење биле „алармантно високи“.

Според наодите, софтверот ги намалувал емисиите само во текот на службените тестови, со што возилата вештаки ги исполнувале законските норми, пренесе „НЛ тајмс“.

„Срамно е како „Бе-ем-ве“ ги залажувал и регулаторните власти и потрошувачите, компанијата мора да преземе одговорност“, изјави директорката на организацијата Сандра Моленар.

Тужбата опфаќа околу 100.00 автомобили „бе-ем-ве“ и „мини“ продадени во Холандија меѓу 1 јануари 2009 година и септември 2019 година.

Превземено: Вечер.пресс